Синот на Бред Пит и Анџелина Џоли сведочеше против својот татко

од Stefanija Kuzmanovska

Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, 19-годишниот Медокс Џоли Пит, сведочеше против својот татко за време на долгата битка околу старателството над децата на поранешната двојка.

„Како полнолетна личност, Медокс веќе сведочеше во тековниот спор за старателството и не беше многу ласкав кон Бред“, дознава Us Weekly ексклузивно од извор.

„Тој не го користи презимето Пит на своите документи, туку само Џоли, што не е легално. Медокс сака законски да го смени своето презиме во Џоли, но Анџелина рече дека не го поддржува тоа“, додаде изворот.

Џоли минатиот петок достави нови докази до судот во кои Пит е обвинет за семејно насилство. Во документите стои дека актерката и нивните деца Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен се подготвени да понудат докази во прилог на наводите против Пит.

Извор близок до актерот го окарактеризира новиот поднесок на Анџелина Џоли како уште еден обид за низок удар.

Слични содржини