Сите авиони на познатата авиокомпанија се приземјени

од Симе Стоиков

Американската федерална управа за авијација (ФАА) во средата издаде препорака за прекин на летовите за Алјаска ерлајнс, пренесува Ројтерс.

Во посебна изјава, ФAA рече дека компанијата „побарала од ФАА да ги приземји летовите на главниот превозник низ земјата“. Тие не наведоа причина за застанувањето.

„CNBC“ од свои избори објави дека станува збор за системот на авиокомпанијата што се користи за пресметување на тежината и рамнотежата за летови не работи правилно.

Алјаска ерлајнс и ФАА сепак се уште не се огласуваат на оваа тема.

Како одговор на поплаките од патниците на социјалната мрежа Х, авиокомпанијата соопшти дека работи на тоа што поскоро да ги внесе патниците во авионите.

Во известувањето на ФАА се наведува дека летовите за SkyWest, кој пружа регионални услуги за Алјаска ерлајнс и други, не се вклучени.

Слични содржини