Чистењето со правосмукалка ни изгледа како најлесен и најбезбеден начин да ги отстраниме нечистотиите од нашиот дом.
Сепак, некои „ѓубриња“ не треба да се чистат со правосмукалка и тоа:
1. Мелено кафе, кафе во зрно, какао
Тие, поради природната влажност, создаваат идеални услови за развој на мувла, а сигурно не би сакале спори од мувли да се расфрлаат токму од правосмукалката со која го чистите домот. Исто така, може да ги затнат филтрите или да го расипат моторот.
2. Земја, ѓубриво и исушени растенија
Ако сте турнале саксија, подобро е да го исчистите тепихот со четка. Можеби ви се чини дека правосмукалката ќе ги вовлече нечистотиите, но напротив, таа ги турнува подлабоко во тепихот. Не е исклучено ниту да го затне цревото од правосмукалката.
3. Коса
Не можете да спречите всмукување влакна од вашата коса или од милениците, но треба да внимавате тоа да биде сведено на минимум, за да не се затнува цревото, ниту филтерот.
4. Козметика
Пудрите и сенките во прав или во камен ни изгледаат суво, но содржат масла и лепливи супстанци кои се топат и може да се наталожат во филтерот и кесата од правосмукалката.
5. Ситни парченца хартија, конфети
Тие всушност, за правосмукалката се прилично големи и може да се заглават во механизмите и лесно да ја расипат правосмукалката.
6. Кабли и штекери
Поради моќта на влечење, правосмукалката може да ги оштети каблите и приклучоците, а тоа подоцна да предизвика краток спој или нешто посериозно.
7. Влажен под
Чистењето на влажни подови може да биде опасно, прво поради можноста да добиете струен удар, а потоа и поради брзиот развој на бактерии внатре во кесата, по што ќе се шири грозен мирис.
8. Делчиња од скршено стакло
Ситното стакло може да се заглави во моторот и жлебовите на правосмукалката. Постојат и попрактични начини за собирање на овие парченца стакло.
9. Брашно
Сосема мала количина нема да наштети, но поголема количина брашно, измешана со влагата буквално ќе создаде слој од тесто внатре во моторот и кесата за отпадоци.