
Значи и државното и специјалното обвинителство се фокусирани на финансиското работење на политичка партија, ама не на иста партија.

И додека Обвинителството го тресе СДСМ, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) врши проверка на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ и изборната кампања во 2014-та година. Според првичните информации, наводно стотици граѓани од Скопје, Охрид и уште неколку градови во Македонија, во ист ден во 2014-та уплатиле неколку стотици илјади евра на име на донации за владеаќката ВМРО ДПМНЕ. Од СЈО се дознава дека има и сериозно банкарски недоследности и трансфери во уплатите на донациите за кампања на ВМРО ДПМНЕ.
Владеачката партија на Груевски истрагата и распитот ги окарактеризира како притисок на СЈО вршен по налог на СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.
Минатата недела тим на СЈО беше во Охрид каде на распит во својство на сведоци повика околу 200 членови, симпатизери и функционери од партијата. Тоа беше причина за протест пред полициската станица во Охрид каде се одвиваше распитот.
„Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи. Во рамките на постапката досега се преземени претходни дејствија, побарана и прибрана е материјална документација, релевантни писмени докази, а во просториите на Основното јавно обвинителство – Скопје се сослушани повеќе од 70 лица сведоци.“