СКАПО И НЕЕФИКАСНО: Британски научници за планот на Џонсон за масовно тестирање на Ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska

Плановите на британскиот премиер Борис Џонсон за масовно тестирање на Ковид-19, што може да доведе до повторно отворање на големи делови од економијата, попозната како „Операција за лансирање на Месечината“, веројатно ќе бидат неефикасни и скапи, соопштија денеска британските научници.

Тие рекоа дека плановите на владата сугерираат промена на стратегијата за „испитување и следење“, што е придружено со потешкотии при нејзиното спроведување, но дека скринингот на населението ќе донесе нови проблеми, објави Ројтерс

– Нема доказен материјал за скрининг. Доказите поврзани со тестовите во моментов се лоши и слаби и треба да се подобрат, им рече на новинарите професор Алисон Полок, клинички професор по јавно здравје на Универзитетот во Њукасл.

Полок, заедно со колегите од универзитетите во Бирмингем, Варвик и Бристол, предупредија дека неефикасните стратегии за тестирање и неточните тестови можат да ја загрозат довербата во тестирањето воопшто. Тие истакнаа дека приоритет треба да биде подобрување на системот за тестирање и следење.

Слични содржини