СКОПЈЕ ПАРАЛИЗИРАНО: Приватните превозници блокираа две раскрсници и булеварот „Илинденска“

од Nikola Popovski

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ ги исполнија ветувањата и утрово од 6 часот ги блокираа крстосниците кај ТЦ Мавровска, кај зградата на Црвен Крст, но и булеварот „Илинден“ откако во претходните денови немаше средба, ниту решение за неисплатениот долг од страна на ЈСП Скопје.

Ова значи дека градот е парализиран и луѓето тешко стигнуваат до своите работни места.

Блокадата на „Илинденска“ е од пред објектите на Градското собрание, односно кај делот од Фонтана до Зоолошката градина.

Претставниците на приватниците истакнаа дека овој пат нема да ги тргнат блокадите се до исполнување на нивните барања.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, во вчерашното гостување во „Дневникот“ на ТВ Сител најави можна радикализација на протестот. Како можна опција, Јовановски го посочи штрајкот со глад, но како што рече, останува на превозниците да одлучат во која насока би се движела евентуалната радикализација на протестите.

Речиси 1,3 милиони евра им должи ЈСП на приватните превозници.

Слични содржини