Скопје повторно еден од НАЈЗАГАДЕНИТЕ ГРАДОВИ во светот утрово

од Vladimir Zorba

Главниот град на Македонија утрово повторно е на листата на најазагадени градови во светот.

Скопје во моментов е петти најзагаден град во светот, според IQair.

Друштво му прават градови од Пакистан, Гана, Киргистан, Индија…

Изминативе денови  се чувствува чад во воздухот и се потешко се дише, а граѓаните се советуваат да ги затвораат прозорците и што помалку време да поминуваат на отворено.

Спасот од загадувањето многумина повторно го побараа во носењето заштитни маски на отворено.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека поради зголемено загадување на воздухот во Скопје, Кичево, Струмица, Кавадарци и Гостивар стапуваат во сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ 10 честички.

Слични содржини