Скопјанец на државно земјиште кај Поликлиниката Бит Пазар направил паркинг и наплаќал за влез-излез

од Nikola Popovski

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ од чл.225 од КЗ на РСМ, затоа што А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице.

А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез- излез на предметното земјиште, каде што за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.

Слична ситуација имаше и минатата година, кога две лица вчера со багер ја урнале оградата на поликлиниката и во дворот почнале со градежни работи за изградба на паркинг. Од МВР тогаш информираа дека приведени се Н. К. (44) и Ш. Д. (42), поради сомнение дека сториле кривични дела „Узурпација“ и „Бесправно градење“.

-Според пријавеното, во 19.45 часот во близина на поликлиниката Бит Пазар тие тргнале дел од оградата на здравствената установа со намера да го узурпираат просторот и да изградат паркинг, за што немале добиено дозвола од Општина Чаир. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, објавија од полицијата на 13-ти мај 2023 година.

Слични содржини