Скопје вечерва е најзагаден град во Европа (ФОТО)

од Nikola Popovski

Скопје и вечерва се гуши од смог. Индексот на ПМ 10 штетните честички во воздухот изнесува 170, покажуваат најновите податоци на светскиот сервис IQAir, кој го следи аерозагадувањето.

Според мерењата, Скопје е најзагаден европски град и шести најзагаден во светот, а пред него се само градовите Лахоре (Пакистан), Њу Делхи (Индија), Уланбатор (Монголија), Дака (Бангладеш) и Калкута (Индија).

Индексот AQI ги зема предвид концентрациите на ПМ2,5 и ПМ10 честички, како и насоката и јачината на ветерот.

Максимално дозволена концентрација на ПМ 10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.

Слични содржини