СКСЗМ ги потенцираше барањата за петтиот сет економски мерки, според нив животот е поскап и неквалитетен

Комората на Северозападна Македонија испорача нови барања за Петтиот пакет антикризни мерки. Заклучија дека 2020-та ја завршивме со најголем економски пад од минус 4 проценти. Земјата се соочува со поскап и помалку квалитетен живот. Податоците на Комората укажуваат дека вредноста на потрошувачката кошничка сега изнесува над 550 евра .

„Над 4000 компании се згаснати само во првите шест месеци од 2020 година …Околу 40.000 работни места беа изгубени,што ја влоши економијата на земјата.“, рече Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ.

Причини како што велат се бројни, но најважни се, ниската реализација на буџетските капитални расходи, намалувањето од 7,9 отсто на производствената индустрија, падот на крајната потрошувачка, намалувањето на извозот за 29,4 отсто како и намалувањето на инвестициите во приватниот сектор. Со цел отворање на економијата, апелираат, Владата најпрво да се фокусира на започнување со вакцинација.

„Да се отворат делумно затворените сектори од Туризмот…продолжување на мерката субвенционии на плати во износ од 14.500 денари најмалку до месец март 2021 како најсоодветна мерка за зачувување на работните места. …зголемување на фондот на развојната банка за кредити со ниски каматни стапки.“, вели Хоџа.

Од Комората бараат увозот на суровини да биде со нула проценти акциза, да се предвидат финансиски средства за компании кои вложуваат во дигитализација, да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании и да се поништат сите одлуки за мораториум на деталните урбанистички планови во општините со кои како што велат се спречуваат градежните инвестиции вредни над 500 милиони евра. Хоџа бара од Владата и делумно отворање на Туризмот како најпогоден сектор. Апелираат Владата да обезбеди протоколи за работа на овие компании,со цел да се зачуваат над 30.000 работни места .Инаку деновиве во медиумите од страна на власта беше обелоденето дека Петтиот пакет ќе тежи 50 милиони евра а ќе почне да се спроведува веќе од следниот месец. За новата владина помош се огласија и од Сојузот на синдикатите на Македонија. Меѓу нивните барања таргет се става и на барањето, субвенциите за плата, наместо кај работодавачите да се исплаќаат директно на сметките на работниците со цел избегнување на досегашната злоупотреба.

 

Слични содржини