Најпознатите скулптури во Осло, Норвешка, „Лутото момче“ и „Монолитот“, сега се слободни за копирање и секој може да ги користи за да оствари профит.

Ова се случи откако градот ги загуби авторските права над скулптурите на Густав Вигеланд, поставени во паркот „Фрогнер“ во Осло.
Одлуката ја донесе Норвешкиот одбор за права над индустриска сопственост во понеделникот, а истиот случај беше изнесен пред стопанскиот суд на Европската унија EFTA.
Оваа одлука значи дека скулптурите може да бидат слободно копирани од кој и да е и од нив да се прави профит.
Норвешкиот скулптор Вигеланд, кој ги створи скулптурите, роден е 1869 година, а почина 1943 година, пред повеќе од 70 години, што значи дека правото на авторство истече.
Општината Осло безуспешно се бореше да ги зачува правата што би забранило копирање на скулптурите.

„Потполно се сложувам со пресудата“, вели Ингер Берг Орсавик, професор на Универзитетот во Осло на одделот за Приватно право. „Никој не може да ги има ексклузивните права кога ќе истече рокот на авторските права“, вели таа.
Овој случај стана значаен во светот затоа што е прв од овој вид, а EFTA го додаде европскиот интерес во пресудата, додава професорката.
„И Густав Вигеланд скулпторот и Паркот на скулптури Вигеланд мора да се сметаат како дел од културното наследство“, наведе Норвешкиот одбор за права над индустриска сопственост.