Сладолед од само две состојки

од Stefanija Kuzmanovska

Дали сте голем љубител на Нутела и сладолед? Има многу едноставен рецепт за сладолед од овој омилен намаз со кој можете да се засладите.

За да го направите сладоледот што е можно поедноставен, користете калапи за сладолед и стапчиња, а покрај главната состојка Нутела, се што ви треба е слатка павлака.

Состојки:

– 4-5 лажички Нутела

– 250 грама ладна слатка павлака

Подготовка:

Измешајте Нутела и 100 грама слатка павлака во изедначена смеса. Преостанатата слатка павлака изматете ја во густ шлаг и внимателно измешајте ја во смесата со Нутела.

Штом се формира хомогена маса, ставете го кремот во калапите за сладолед. Потоа ставете ги во замрзнувач и замрзнете 12 часа, а потоа исцедете ги од калапот.

Доколку сакате дополнителна порција чоколада, сладоледот можете да го потопите во растопено чоколадо и да го оставите да се излади.

Слични содржини