Славески: Градоначалничката мора да разбере дека без Советот ништо не може да направи

од Берта Китинска

Мислам дека треба на градоначалничката треба да разбере дека мора да продолжи да функционира, граѓаните од неа очекуваат во наредниот период резултати кои што засега ги нема. А, не може ништо градоначалничката да направи без Совет на Градот Скопје. И покрај се нели, и јас како претседател на Советот и Совет на Град Скопје, не заради Арсовска туку заради граѓаните сме подготвени на кохабитација во овој случај би се рекло на соработка и да дискутираме, да подобруваме, да одобруваме предлози што доаѓаат и од Кабинет на градоначалник кој што засноваат проекти издржани во програмата и се разбира да работиме во интерес на граѓаните, истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.

Тој посочи дека Советот на Град Скопје работи во интерес на граѓаните и поради тоа на седниците кои што се одржуваат има 100-тици и 100-тици одобрени проекти и дискутирани точки.

„Во никој случај Советот на Град Скопје ја нема блокирано градоначалничката“, нагласи Славески.

Слични содржини