Словенечката опозиција повторно бара изгласување недоверба на Јанша

од Stefanija Kuzmanovska

Пет словенечки левичарски опозициски партии повторно поднесоа барање за изгласување недоверба на владата на Јанез Јанша и го предложија Карл Ерјавец, претседател на Партијата на пензионерите (ДеСУС) за премиер.

Предлог Списокот на Марјан Шарец (ЛМС), Социјалдемократите (СД), Левица, Партијата на Аленка Братушек (САБ) и ДеСУС беше поддржан со 10 парламентарни потписи, при што секоја од партиите даде два потписа, јави СТА.

Во согласност со собранискиот деловник, Националното собрание може да расправа и да гласа за предлогот веќе во петок, а најдоцна до 17 февруари.

Најверојатен датум е понеделник.

Слични содржини