Словенија: Отказ за наставничка, која била активна антиваксерка

од Nikola Popovski

На наставничка во основно училиште во Марибор ѝ било врачено решение за престанок на работниот однос бидејќи одбила да се тестира или вакцинира против Ковид-19, што е прв таков случај откако владата ги заостри анти-епидемиските мерки поради ширењето на вирусот, пишуваат словенечките медиуми.

На наставничката и била одредена привремена забрана за работа од почетокот на учебната година бидејќи одбила да се тестира еднаш неделно и да носи маска во училницата, што е обврска пропишана од Министерството за образование, а сега добила и отказ.

Таа има право да поднесе жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.

Според извештаите на медиумите, наставничката била активна во групата против вакцинација, која неодамна провали во редакцијата, барајќи прекин на „пропагандата“ на владината кампања за вакцинација, а во видео на Фејсбук ги убедуваше родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимски и фашистички училишта“, пренесе Хина.

Директорката на училиштето, Катја Прегл, за весникот од Марибор „Вечер“ изјави дека е наставничката е отпуштена поради кршење на работните обврски, со оглед на тоа што одбила да носи маска во затворени простории и не ги исполнува таканаречените услови за „PCT“ (прележани, вакцинирани, тестирани) што се валидни за вработените во училиштето да можат да работат.

Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар изјави денеска дека условот за „PCT“ поставен од владата со ограничувања веќе „дава резултати“ бидејќи бројот на новозаразени лица стагнира во последните денови.

Слични содржини