Случај „Тортура“: Ни рекоа дека ќе се одвива акција во која ќе се апси дилер

од Берта Китинска

Денеска во Кривичниот суд во Скопје, со сослушување на обвинетите Ивица Анчевски и Петар Милошевски, продолжи судењето за случајот „Тортура“.

Обвинетиот Анчески во својата изјава пред судот рече дека акцијата за приведување на Бошкоски „разбрал на 6 јули 2011 година, односно наредба добил од тогашниот началник на СВР Скопје.

Петар Милошевски во своето сведочење кажа дека на 6 јуни 2011 година добил наредба од негов претпоставен во најбрз можен рок се појави позади Министерството за економија.

„ Раководителот ни објаснуваше дека ќе се одвива акција каде ќе биде уапсено лице кое има обезбедување и дека најверојатно се работи за дилер на дрога. Кога тргнавме дадов наредба ‘стој, застани, полиција’. Додека трчаше до колата ни се обрати со вулгарни зборови. Преку возилото фрли една кеса. Пробувавме да го смириме“, изјави денеска во судницата обвинетиот Милошески.

Судењето „Тортура“, почна во март 2018 година против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на единицата „Алфи“ во МВР, а се однесува на начинот на апсење на Љубе Бошковски.

Обвинителството ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Слични содржини