Слушнале ’рчење во мртовечница и ја отвориле вреќата

од desk2
83 прегледи

Вработените во мртовечница во Шпанија слушнале ’рчење од внатрешноста на една затворена мртовечка вреќа во која имало тело на наводно починат затвореник кого тројца доктори го прогласиле за мртов, а тој бил жив.

Гонзало Монтоја Хименез (29) бил затвореник во затвор во Шпанија, а затворските службеници утрото при проверката го нашле во ќелијата без знаци за живот.

Тој бил прегледан од тројца доктори кои потпишале уверение дека е мртво и бил пренесен во мртовечница за испитување по смртта.

Но, по повеќе од три часа и само неколку моменти пред да биде отворен за аутопсија, вработените слушнале ’рчење од внатрешноста на вреќата. Ја отвориле и тој бил жив. Му помогнале да застане на нозе.

Во болницата каде го пренесле било утврдено дека страда од кататонија состојба во која се намалуваат виталните знаци, се јавува неподвижност на мускулите и неможност за реагирање на надворешни дразби.

„Беа стигнати до момент кога требаше да го обележат за (аутопсија)“, вели таткото на Монтоја. „Тоа е чудо, големо чудо и огромна негрижа“.