Снимка од друг агол од инцидентот во Битола: Дали има обид за физички напад врз полицаец?

од Берта Китинска

Објавена е нова видео-снимка од инцидентот во Битола, каде полициски службеници брутално тепаа роми.

Од видеото,објавено на 24 ТВ, се забележува како еден од полицајците во еден момент изрипува по обид за удар, односно физички напад од страна на еден од присутните роми, додека друг им се обраќа со зборовите: „Мавајте“, додека полицајците стојат на улицата.

На Фејсбук, чинот на насилство го прокоментира и премиерот Зоран Заев.

„Бруталноста на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда. Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата што пристигна од јавноста.

Заев побара „одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот“, по веста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР работи на тоа да го утврди идентитетот на учесниците на овој „исклучително немил настан“, како што го нарече.

Од МВР потврдија дека е утврден идентитетот на учесниците и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, кој го оценуваат како незаконито и непрофесионално постапување.

Слични содржини