Со мечот Италија-Турција се отвора ЕП

од Берта Китинска

Вечер од 21 часот, со натпреварот Турција – Италија, стартува Европското фудбалско првенство.

Натпреварот ќе се игра на „Олимпико“ во Рим и е од 1.коло во А-групата во која се наоѓаат и селекциите на Швајцарија и на Велс.

На ЕВРО 2020 ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација.

„Црвено-жолтите“ дебито на континенталните првенства ќе го имаат в недела од 18 часот против Австрија во Букурешт како дел од Ц-групата каде се сместени и репрезентациите на Холандија и на Украина.

Слични содржини