Со што се разликуваат корисниците на Android и iPhone

од desk3

Иако уредите кои користат Android и iPhone се слични, рекламните кампањи се насочени кон различни корисници. Овој факт поттикнал специјалисти од три американски универзитети да ги истражуваат личносните карактеристики на корисниците, пишува Medical News Today.

tehnolog
Биле анкетирани 500 луѓе, а особено нивниот однос кон смартфонот и личносните карактеристики. Се покажало дека околу два пати почесто корисниците на iPhone се жени. Покрај тоа, тие биле свесни дека телефонот им демонстрира статус, иако популарноста и недостатокот на ексклузивност не ги збунуваат.
Истата група покажувала пониски индикатори на чесност и скромност, но и повисоко ниво на емоционалност.

Корисниците на Android пак почесто се мажи. Генерално тоа се постари луѓе кои не се заинтересирани толку од богатството и социјалниот статус. Покрај тоа, тие се карактеризираат со повеќе чесност и скромност, како и поретко кршејќи ги правилата заради своја лична корист.

Слични содржини