Актуелно
Почетна / Сцена / Со видео на Инстаграм, војвотката го прослави успехот

Со видео на Инстаграм, војвотката го прослави успехот

Уредникот на британскиот Вог, Едвард Енинфул, во четвртокот објави дека септемвриското издание, во кое Меган била гостин-уредник, е најбрзо продаден број во историјата на британскиот Вог. Со цел тоа да го прослави, војвотката на Инстаграм споделила видео во која таа и Едвард разговараат за ова значајно издание.

На снимката, доста расположена и насмеана, војвотката во еден момент му подарува шешир со свветки за да прослават. Едвард Енинфун инсистира на тоа дека Меган е родена уредничка, пишува Hello.

View this post on Instagram

Earlier today @edward_enninful, the Editor in Chief of @britishvogue shared: “#ForcesForChange, guest edited by The Duchess of Sussex @SussexRoyal, was our fastest-selling issue in the history of #BritishVogue ( sold out in 10 days) and the biggest-selling issue of the past decade. I can't wait to see what 2020 has in store…” • To celebrate, we wanted to share this never before seen video behind the scenes with Edward and The Duchess of Sussex on the creation of this special issue. Please note, this was filmed last August in London. Congratulations to all of those who took part in the 2019 September issue, and huge thanks to those who supported and helped make this a success! Video credit: Directed by @kloss_films Copyright @sussexroyal

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

„Никогап не сум видел ништо слично. Беше вклучена во целиот процес, од почеток до крај“, истакнал Едвард.

Тој додал дека бил многу возбуден кога влегол во Кенсингтонската палата за да се средне со Меган.

Војвотката истакнала дека модниот елемент на магазинот го препуштила на професионалците.

„Единствено ги прашав: ‘Дали се запознаени со кралскиот моден стил и код на облекување’ и ‘Можете ли во овој број да претставите облека која е направена од издржливи материјали?’ Дури тогаш без проблем ја препуштив работата на експертите“, прокоментирала Меган.

„Сакаше фокусот да биде на жените кои го менуваат светот, жените кои прават неверојатни работи, што всушност е и сржта на британскиот Вог“, додал Едвард.

Во продолжение погледнете го видеото:

loading...