Со возило ги удрил полицајците кои пристигнале да го приведат

од Stefanija Kuzmanovska

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 31.07.2023 пред угостителски објект во Охрид, пријавениот со остар предмет му се заканувал на Н.М. од Охрид, а кога на местото пристигнале полициски службеници, обидувајќи се да побегне, со возило удрил двајца полициски службеници.

Слични содржини