Собранието се деблокира, пратениците продолжуваат со работа

од Берта Китинска

Пратениците по пауза од еден месец , денеска продолжуваат со работа. Од Собранието информираа дека денеска ќе бидат свикани продолженијата на 21, 22, 25 и 26-та пленарна седница.

Премиерот Зоран Заев рече дека со ДУИ на последниот состанок  ги затвориле отворените прашања и дека сега групата ќе биде комплетна и ќе се закажат идните седници.

-Ќе работиме во полн капацитет со 62 пратеници, рече Заев, тврдејќи дека никој не побарал од него смена на министри од ДУИ од Владата, а според изјавата на лидерот Али Ахмети за тоа не се ни разговарало на состанокот.

Имено, на 16-ти февруари, обидот за одржување седница покажа дека парламентарното мнозинство не е комплетно поради неколку пратеници од ДУИ.

Има неколку причини за неможноста да се одржи седница, меѓу кои и тоа недоаѓање на сите пратеници од владејачкото мнозинство – СДСМ и ДУИ на седниците поради коронакризата или други лични причини.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со новинарите најави разврска на ваквите случувања во Собранието.

 

 

Слични содржини