Сочувство од македонската Влада до Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

од Nikola Popovski

Во името на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното височество Кралицата Елизабета II.

-Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот.

Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи, се вели во соопштението од Владата.

Кралицата Елизабета Втора, најдолготрајниот британски монарх, почина мирно во четвртокот на 96-годишна возраст во Балморал, објави Бакингемската палата.

Палатата ја објави нејзината смрт во кратко соопштение, по што ќе следува 10-дневна национална жалост и почит за нејзиниот долг живот и рекордно владеење.

Слични содржини