Софија Вергара го победи своето поранешно момче во судски спор, еве за што станува збор

од Stefanija Kuzmanovska

Судот во Лос Анџелес ја отфрли последната жалба на поранешниот вереник на славната актерка Софија Вергара, во која тој побара да може без нејзина дозвола да ги користи замрзнатите ембриони кои ги „создале“ додека се уште биле заедно.

Вергара победи во судски спор со поранешното момче Ник Лоеб.

Да потсетиме, пред да раскинат, Софија и Ник замрзнаа два женски ембриона кои требаше да бидат родени од сурогат мајка.

Со години Лоеб инсистираше на тоа дека ембрионите му припаѓаат нему бидејќи тој сакаше да се роди детето дури и по раскинувањето со актерката.

Лоеб и претходно ја загуби правната битка за старателство над нивните замрзнати ембриони. Апелациониот суд во Луизијана донесе одлука во корист на sвездата на „Модерно семејство“, а неговата тужба беше одбиена, прогласена за „одвратна“ и наведоа дека се смета за исмејување на правниот систем во Луизијана.

Слични содржини