Софиски „Епицентар“: Ескобар го решава прашањето со правата на Македонците во Бугарија

од Nikola Popovski

Бугарскиот портал „Епицентар“ објави дека американската амбасада во Софија разговара со бугарската влада за прашањето за почитување на правата на македонското малцинство во Бугарија. Сепак, американската амбасада ги негираше овие наводи.

Повод за текстот на бугарскиот портал е интервјуто на американскиот заменик државен секретар за Западен Балкан Габриел Ескобар за македонскиот сервис на „Гласот на Америка“.

-Тоа е еднакво на национално предавство ако е така, бидејќи во Бугарија нема признаено македонско малцинство. Според Уставот, ние воопшто немаме малцинства. Ќе биде невиден скандал доколку некој од бугарската влада навистина се обиде да постигне договор со Амбасадата на САД за правото на Македонците (македонско малцинство) кои всушност е непостоечко“, пишува „Епицентар“.

Авторот на текстот потсетува дека поранешниот премиер на Бугарија Красимир Каракачанов и рекол на американската конгресменка Клаудија Тени дека „во Бугарија нема македонско малцинство“. Каракачанов потоа посочил дека „бугарските институции предводени од претседателот Румен Радев и Министерството за надворешни работи треба да дадат јасен сигнал до Амбасадата на САД дека нема да толерира никаков притисок врз историската вистина и правата на граѓаните на Северна Македонија кои имаат бугарска самосвест“.

Амбасадата на САД ја демантира веста

После тоа се огласи и американската амбасада во Бугарија, која нагласи дека разговорот со дипломатот „предизвикал погрешна интерпретација на американската политика во регионот“ и дека на средбата со претставниците на бугарската влада не се разговарало за прашањето за македонското малцинство.

„Американската влада не ги покрена споменатите прашања на темата за малцинствата пред бугарската влада. Нашите разговори со бугарската влада се фокусирани на нашата заедничка визија за посилна, попросперитетна и обединета Европа преку интеграција на сите нејзини делови, вклучувајќи го и Западен Балкан“, се вели во соопштението на амбасадата, пренесе Бугарската национална телевизија.

Да потсетиме, прашањето за правата на македонското малцинство во Бугарија неколкупати беше покренувано во европските извештаи. Софиските власти постојано категорично изјавија дека нема причина да се верува дека во Бугарија има македонско малцинство. Бугарскиот претседател Румен Радев, од своја страна, постојано бара од Македонија да ги вклучи македонските Бугари во Уставот, рамноправно со другите националности.

Слични содржини