Солскјер: Тимот се развива и оди во вистинската насока

од Vladimir Zorba

Критикуван од многу навивачи на Манчестер Јунајтед, менаџерот Оле Гунар Солскјер вели дека неговиот тим се развива и оди во вистинската насока. Во текот на викендот, рекордeрот по титули во Премиер лигата загуби со 0-2 од Ливерпул и сега е 30 бода пред својот голем конкурент.

– До последен момент, бевме во игра во овој натпревар и за мене тоа е знак дека одиме напред, рече денес Норвежанецот.

– Со оглед на нашето минато, знаеме дека не сме таму каде што сакаме да бидеме, каде треба да бидеме и каде што сме биле историски. Но, сега зависи од нас да се справиме подобро. Јас сум тука 13 месеци и се разбирам со играчите, додаде тој.

„Црвените ѓаволи“ се обвинети дека се екстремно пасивни на пазарот за трансфери. Долгоочекуваните нови класа засилувања ги нема.

– Секогаш се обидуваме да ја направиме поставата посилна со следење на она што е на пазарот. Но, нема што да ви кажам во моментов. Ќе разговараме кога ќе има нешто. Сега не е време да зборуваме за засилувања, затоа што размислуваме за средбата утре со Барнли, рече Солскјер на оваа тема.

Менторот увери дека Маркус Рашфорд ќе остане надвор од теренот сè до неговото целосно закрепнување и нема да се брза со неговото враќање.

Во меѓувреме, Виктор Линделоф бил пуштен да оди дома во Шведска заради грипот.

Слични содржини