Според анкета на OnePoll, спроведена на Националниот ден на мачките, 29 октомври, просечен сопственик поминува околу 1000 часови со своето милениче и го фотографира најмалку седум пати во текот на денот.
Анкетата покажала и дека 42% од испитаниците имаат врамена фотографија од својата мачка или од друга и ја чуваат на видно место во домот.
Барем половина од испитаниците ја имаат вдомено својата мачка од стационар, преку социјалните мрежи или преку познаник. Повеќе од 80% ја третираат како рамноправен член на семејството. Околу 66% од нив одговориле дека попрво би поминале повеќе време со мачката, отколку да излезат и да се социјализираат.
Дури три четвртини од оние кои ја правеле анкетата признале дека ѝ зборуваат на својата мачка како своевидна форма на терапија.
Околу 60% од нив ја опишале својата мачка како лојална, 57% како игрива, 54% како резервирана, 53% како добро воспитана, а 51% како срамежлива.
Љубителите на овие животни подеднакво сакаат и расни, но и мешани мачки.