Сопствениците се преправаат дека нивниот хаски е невидлив, реакцијата на кучето е урнебесна (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Сибирски хаски по име Мика има над половина милион следбеници на ЈуТјуб. Неговите сопственици се обидуваат скоро секој ден да снимаат интересни видеа за да ги забавуваат своите следбеници, но и Мика, која ужива да биде пред камера.

На едно од последните видеа, сопствениците се преправаа дека Мика е невидлива.

Имено, додека кучето седеше зад нив, тие ја повикуваа и се прашуваа каде се наоѓа.

Мика на почетокот чудно ги гледаше и испушташе разни звуци за да ја забележат, но тие не и обрнаа внимание.

„Каде е Мика, ние ќе треба да одиме на прошетка без неа“, рекоа сопствениците, а кучето проба сè за да го забележат.

Почна да ги лиже нивните лица, дури и јадеше храна од нивната рака, но тие сепак се правеа дека не го гледаат.

Сето тоа траеше неколку минути, а потоа сопствениците ја прегрнаа Мика и и рекоа дека ја сакаат и дека повеќе нема да се прават дека е невидлива.

Слични содржини