Сорос: Цивилизацијата можеби нема да ја преживее војната на Путин

од Nikola Popovski

Милијардерот Џорџ Сорос синоќа во Давос предупредил дека руската инвазија на Украина ја вознемирила Европа и дека тоа може да биде почеток на нова светска војна. Сорос го фокусирал својот говор на подемот на „репресивните режими“ на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, нарекувајќи ги двете земји „најголема закана за отвореното општество“.

„Проблемите на целото човештво – борбата против пандемиите и климатските промени, избегнувањето на нуклеарна војна, одржувањето на глобалните институции – мораа да се повлечат во позадина на војната“, изјавил Сорос на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, додавајќи дека поради тоа можеби нашата цивилизација нема да опстане, пренесува Блумберг.

„Путин и Џинпинг направија „неверојатни грешки“, рече Сорос.

„Се очекуваше Путин да биде пречекан во Украина како ослободител, додека Кси Џинпинг се придржуваше до политиката на нулта ковид која никогаш не може да се одржи. Постојаната блокада во Кина ќе ги наруши синџирите на снабдување, што би можело да ја одржи високата глобална инфлација и да создаде глобална депресија“, рече тој, додавајќи дека грешките на Си можеби го чинеа трет мандат.

Во својот говор, Сорос потсети на 2019 година, кога поранешниот менаџер на хеџ фондот предупреди на „смртоносната опасност“ од кинеската употреба на вештачка интелигенција за репресија над своите граѓани.

Слични содржини