Советот на Европа: Зголемено насилството врз новинарите во многу европски земји

од Stefanija Kuzmanovska

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ ги повика европските влади да го заштитат новинарството и да ја стават безбедноста на новинарите и другите медиумски актери како политички приоритет.

„Бидејќи новинарите и другите медиумски актери се повеќе се изложени на непотребен притисок, заплашување, насилство и други форми на мешање во нивната работа во многу европски земји, стана итно да се осмислат национални акциони планови за безбедноста на новинарите“, рече таа, стои во соопштението на Советот на Европа.

Како што наведе таа, владите треба да ја решат потребата од зајакнување на заштитата на новинарите, ефикасно да ги гонат сторителите на злосторствата против нив и да ја подигнат свеста во општеството за клучната улога на независните медиуми во зачувувањето на вистинската демократија.

Слични содржини