Совршен десерт: Овошна торта без печење

Состојки:

– 1 паковање пишкоти
– 1 пудинг од малини
– 1 пудин од ванила
– 70 гр. маргарин
– 2 лажици шеќер во прав
– 6 лажици шеќер
– 200-300 гр. малини
– 250 мл млеко
– 200 мл. вода

Подготовка:

Во млекото додајте 2 лажици шеќер и сварете го пудингот и остевете да се олади. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав па спојте ги со изладениот маргарин и добро изматете. Во сад ставете ја водата и додајте ги малините и 2 лажици шеќер.

Кога ќе почне да врие тргнете ги семките. Повторно вратете го на оган и во тоа додајте го пудингот од малини.

Во мал округол плех на дното ставете фолија и наредете од пишкотите. Одозгора ставете го целиот пудинг од малини и распоредете го.
Преку него ставете го пудингот од ванила и одозгора наредете ги останатите пишкоти. Оставете го да преноќи покриено со фолија, да се стегне.

Кога ќе се стегне, префрлете го во чинија и прелијте со чоколадо. Можете да го украсете со шлаг и малина.

Слични содржини