Спајдермен „сврати“ кај папата (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Необичен посетител – Спајдермен – денес се појави на јавната аудиенција на папата во Ватикан.

Имено, човек во тесен кожен костум од тој лик од стрипот седеше во ВИП делот за публиката во дворот на Ватикан во Сан Дамасо, пренесува „Ројтерс“.

Тој седеше тивко до свештеник облечен во црно, кој изгледаше дека не го вознемирува присуството на шарена фигура со големи бели очи.

Подоцна се ракуваше со папата.

Слични содржини