Спасени пет лица од едрилица во Охридското Езеро откако сопственикот изгубил контрола над едрилицата

од Radmila Tasevska

Пет лица кои биле на едрилица во водите на Охридското Езеро синоќа се спасени од езерската полиција откако сопственикот изгубил контрола над едрилицата поради невремето.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека веднаш по добивањето на пријавата синоќа околу 19 часот полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ излегле на терен и околу 19:25 часот е пронајдена едрилицата на околу 7000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Албанија.

– Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди, се наведува во соопштението од МВР.

Слични содржини