Спасовски: Имаме власт од 2006 до 2017 година, кога немаме ниту еден чекор напред

од Radmila Tasevska

„Кога велиме дека социјалдемократски сојуз е за членство во НАТО и ЕУ тоа не е декларација. Ние низ низа дела и одлуки сме покажале дека сакаме Република Северна Македонија да ја видиме во големото европско семејство, како што направивме се за да се најдеме во најголемиот военополитички сојуз НАТО Алијансата“, изјави изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека историски гледано, од осамостојување на државата, Уставот, Декларацијата за членство во ЕУ и НАТО, кандидатскиот статус кога СДСМ ја предводи владата, признавањето на уставното име од страна на нашиот најголем стратешки партнер САД.

„Декларацијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во сите 30 години е само декларација. 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е самитот за прием во НАТО. Немаме ниту разговори, ниту решение ниту напредок во целиот тој процес. Имаме власт од 2006 до 2017 година кога не се направи ниту еден чекор напред освен што се враќаме назад во делот на остварувањето на стратешките и националните интереси“, потенцираше Спасовски.

Тој додаде дека треба да се погледнат бројките за поддршка на македонските граѓани за членството во НАТО и ЕУ во период додека е СДСМ на власт и како размислуваат граѓаните во период на ВМРО-ДПМНЕ и како расте евроскептицизмот.

„За секое остварување на национален интерес мора да се плати некаква цена. Сите држави кои што напредувале платиле цена. Секоја цена којашто ќе се плати и со која ќе се осигура иднината на државата, со која ќе се даде јасна претстава на младите генерации за иднината на државата е многу помала отколку животите на сите нас“, заклучи Спасовски.

Слични содржини