Спасовски: Кривичните пријави против мене се политички мотивирани, не се засновани на право

од Radmila Tasevska

„Има покренато две кривични пријави, ги кажаа и во јавноста, од политички партии. Тие вчера се поднесени до јавното обвинителство. Тие кривични пријави ги сметам како политички мотивирани и не се засновани на правото, ниту говорат нешто за правото“ рече ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека институциите ќе може да ги прегледаат сите документи и докази и врз основа на тоа да донесат одллуки.

Поранешниот министер објасни дека по стапувањето на сила на Преспанскиот договор и донесување на потребните закони за издавање на личните документи со новото име и усогласувањето со Законот за јазиците, МВР започнува да издава документи со новото име од 1 јули 2021 година.

„Сите тие аспекти на овозможување за вадење на документи се овозможени. Целиот тој период и акциски планови и управувачкиот комитет што управувал со целиот процес, постапува согласно законските прописи. Не може апсолутно никого сами да натерате да извади документи во 2021, 2022 или 2023 година. Не сакам да фрлам вина на граѓаните, но секој еден граѓанин имал можност од 1 јули 2021 година да започне со промена на документите“ рече Спасовски.

Слични содржини