Спасовски: Нема пријава од полицајци дека некој им се заканувал или ги избркал од Арачиново

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес порача дека немаат информации дека во текот на вчерашниот ден дошло до пукање во скопско Арачиново и дека биле нападнати полициски службеници.

-Денеска работат колегите од Одделот за крим-полиција и од Внатрешна контрола. Досега немало пријава ниту од полициски службеници дека некој им се заканувал или ги избркал. Немаме пријава ниту од граѓани, иако има јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои биле на пунктот. Денеска со службен материјал ќе бидат расчистени работи, за да ја информираме јавноста, рече Спасовски како одговор на новинарско прашање.

Тој порача „пренагласено е дека нападот бил со оружје“.

-Треба да ги утврдиме фактите и да видиме дали е така. Досега нема службен материјал кој што укажува на тоа дека имало вербален напад на полицајците. Факт е дека се појавуваат многу информаци во јавноста, истакна министерот.

Дел од медиумите синоќа објавија дека дека полициска патрола била протерана од Арачиново од вооружена група откако претходно се обидела да запре возило кое било управувано од лице што не поседувало документи.

Слични содржини