Спасовски откри детали за апсењето на осомничениот за убиството на ракометарот Тот

од Берта Китинска

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „24 анализа“ рече дека првоосомничениот за бруталното убиство на ракометарот Денис Тот, Анџело Ѓорѓиевски, рано утрово се предаде откако полицијата опсежно го пребарала Скопје.

-Се предаде на тимот за потраги. Сите оперативни информации, толку стеснет простор, придонесоа по неколкучасовни активности на полицијата, тој да биде приведен во станицата во Аеродром, а потоа и спроведен во затворот Скопје, рече Спасовски.

Министерот додаде дека Ѓорѓиевски се криел во Скопје, „во еден објект“.

-Не е државна тајна, меѓутоа истрагите мора да ги водиме преку институциите. Сѐ она што можеме да го соопштиме, ќе го соопштиме, се она што не може, ќе го кажеме во наредниот период. Информациите што ги споделивме денеска се тие. Многу шпекулации имаше околу него, дека заминал од Македонија. Тој е фатен и изведен пред лицето на правдата. Сѐ е врз основа на факти и аргументи. Знаевме дека е тука и интензивно се работеше околу негово пронаоѓање, вели Спасовски.

-Сите анализи на телото на починатиот се направени во Клиниката и Институтот за судска медицина. Полицијата е известена од моментот кога лицето се наоша таму, и известувањето е дека има лице во бесознание. Сите факти се утврдени од анализаите направени на Клинката и институтот за судска медицина. Не е добро медиумски да ги водиме истрагите. Требаше веднаш да биде објавено од ДПИ дека дискотеката немала лиценца за работа. Секогаш сум за тоа да има мешовити екипи и да се прават контроли, рече министерот.

Слични содржини