– Имаше опструкции и обиди за одолговлекување на постапката но тие сега се надминати и тимот на чело со Јанева доби пристап до документите кои се предмет на нивната истрага .СЈО си ја врши работата за која е дојдена и се ќе биде обезбедно за да се испочитува и спроведе судската наредба  и барањата на обвинителите на СЈО- изјави  за Локално.мк министерот Оливер Спасовски.

Чавков и Андонов во контранапад на Јанева : Нестручноста на СЈО можеше да ја загрози националната безбедност

Претходно во текот на ноќта  заменик министерот и екс министерот Чавков изјавија дека се тоа било надовр од законот и СЈО  ќе ја загрозело националната безбедност.

Директот на УБК пак Владимир Атанасовски  се правдаше дека тој не ја кочел истрагата, туку се водело грижа за да не се наруши работата на УБК со актуелните ПИМ мерки и прислушувања кои се спроведуваат , а не можеле да се раздвојат со тие кои ги бара СЈО.

Министерот за внатрешни Спасовски има обврска да го уапси Чавков и сите што ја спречуваат судска наредба порача Павле Трајанов

Синоќа екс министерот за внатрешни Павле Трајанов му порача на актуелниот министер Оловер Спасовкси да ги уапси и приведе сите што ја попречуваат работата на истрагата вклучително и заменик минисгерот Аднонов и Митко Чавков кој свесно ги меша ингиренциите на БЈБ и УБК.

(ВИДЕО) ЈАНЕВА пред УБК: Тапкаме во место, ама не си заминуваме додека не ја спроведеме судската наредба , одиме до крај!

Од СЈО за денеска во 11 часот најавија прес конференција  на која ќе ги објават сите детали околу упадот на СЈО во УБК, опструкциите и непристојното однесување на Андонови Чавков, и ќе отворат два нови случаи на криминал кој произлегува од прислушуваните материјали. Медиумите веќе шпекулираат дека станува збор за проектите „Сончев Град“ и „Скопје 2014 “ и дека ке има обвинение за еден актуелен министер.

 

Слични содржини