Спасовски: Со деполитизацијата, департизацијата и декриминализацијата, сега полицијата е вистински сервис за граѓаните

од Vladimir Zorba

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, заедно со дел од раководството на МВР, положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите припадници на МВР.

„Да се биде полицаец, припадник на МВР – е голема чест и огромна одговорност. Денес нашата полиција е рамо до рамо со полициите од Европа и светот, респектабилен партнер во меѓународните операции и проекти, лидер во регионот за соработка во борбата против криминалот, заедно со ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ… Со храбро реализираните реформи и промени во МВР за да бидеме дел од единствената европска политика, со деполитизација, департизација и декриминализација, со евидентни резултати од нашите напори и зајакнатата борба против организираниот криминал, корупцијата…, можам слободно да кажам дека сега полицијата е вистински сервис за граѓаните на Република Северна Македонија“, посочи Спасовски.

Упати порака дека „полицијата може и мора да остане доследна на трасираниот пат на бескомпромисно чување на законот и законитоста; на редот и поредокот; и, секако, на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани“.

„Уверен во јасноста на оваа порака, дозволете ми на сите припадници на полицијата да им го честитам денешниот празник, со искрена желба за успех како на личен, така и на професионален план“, додаде министерот.

Слични содржини