Спасовски: Треба да се внимава во МВР, важно е да немаме закани за безбедноста

од Aleksandar Todeski
359 прегледи

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги повика институциите да продолжат со нормална работа, пред се нагласувајќи дека е важно одржувањето на безбедноста и стабилноста на граѓаните и Република Северна Македонија. Вели, примарна задача на оваа влада е да продолжат сите проекти и се она што е утврдено со буџетот.

Фото: Борче Поповски

„Треба сите политички субјекти кои учествуваат во владата да имаат одговорност и да не излегуваат од рамките што им е дадено како можност во Законот за влада и да се одржува некаков тек. Треба да се внимава во Министерството за внатрешни работи, многу е важно да немаме сериозни закани за безбедноста или пак да се предизвикаат постапки со кои ќе дојдеме до нестабилност или неизвесност кај граѓаните, тоа не ни е потребно, тоа не носи ништо добро и носи некакви лични и политички интереси. Очекувам сите недоразбирања да бидат надминати, мислам дека недоволното познавање допринесува да дојдеме до такво нешто“, истакна Спасовски.

Премиерот вели дека спроед него не треба да се оптеретуваат граѓаните за возилата, туку во МВР да се решат проблемите, нагласувајќи дека возилата се последен приоритет на секој граѓанин.

Тој смета дека задачата која ја добил директорот на БЈБ, а за која утрово објавивме, е да ги согледа состојбите и сметам дека телеграмата не е најсиправен модел и очекувам денеска да го затворат тоа прашање.

А.Т.

Слични содржини