Спектакл на небото: За првпат по 800 години ќе не осветли „Божиќната ѕвезда“

од Stefanija Kuzmanovska

За првпат по 800 години, „Божиќната ѕвезда“ ќе го осветли небото благодарение на Јупитер и Сатурн. Имено, двете најголеми планети во Сончевиот систем, гледано од Земјата, ќе се „приближат“ на 21 декември толку близу што ќе изгледаат како „двојна планета“, спој кој на Земјата ќе изгледа како една светлосна точка – за која астрономите веруваат дека ќе изгледа спектакуларно, пренесува Republicworld.com.

Последен пат, таквиот спој е забележан во 1226 година, на 4 март. За споредба, тоа било време кога монголскиот император Џингис Кан освоил големи делови на Азија, а Европа беше сè уште со генерации далеку од ренесансата.

Ова приближување на Јупитер и Сатурн е прилично ретко. Следниот ваков спој, предвидуваат астрономите, ќе биде во 2080 година.

Според Евангелието според Матеј, ѕвездата ги донела Светите Тројца кралеви во Витлеем, каде што се родил Исус. Некои научници веруваат дека овој феномен можеби бил редок троен спој на Јупитер, Сатурн и Венера.

Експертите велат дека овој редок настан ќе може да се следи на ведро небо околу еден час по зајдисонцето на 21 декември, зимската краткоденица. Такво блиско појавување на небото нема да се повтори до 15 март 2080 година.

Слични содржини