Спој на крцкав кекс, кремаст фил и овошје

Потребно:
– 200 гр брашно
– 1 јајце
– 100 гр. шеќер во прав
– 70 гр. маргарин
– кора од лимон
– малку прашок за пециво
– ванилин шеќер
– 500 мк млеко
– 2 лажички шеќер
– 2 пудинзи од ванила
– хартиени корпи

Подготовка:

Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додадете ги јајцата. Изматете ја смесата па додајте ја кората од ломон и брашното со прашокот за пециво.
Замесете мазно тесто па истенчете го на половина центиметар. Со калап вадете цветни кекси.
Хартиените корпи превртете ги наопаку и ставете ги цветните кекси преку нив. Печете на 200 степени целзјусови, околу 15 минути. Извадете ги хартиените корпи, а во корпичките ставете од предходно направениот пудинг и на врвот ставете овошје.

Слични содржини