Споменикот на УЧК е дивоградба, исто како и „Скопје 2014“, вели Пендаровски

од Nikola Popovski
439 прегледи

Во политичка смисла, дур сме живи ние и 100 години потоа, Албанците ќе велат дека овие се борци за човекови права и јунаци, а Македонците ќе велат терористи, кои убивате полицајци и тие права ќе ги добивавте преку институции. Не знам за држави кои биле во конфликт се согласиле околу тоа. Која е правната смисла тука? Во март 2002 година е донесен Законот за амнестија. Дел и од бранителите и од УЧК го забораваат тој момент. Во првиот член на Законот се вели амнестија за сите ученици во конфликтот. УЧК тогаш е изедначена со бранителите. Ако не беше изедначена, немаше да биде ДУИ како политички субјект. Сега истите овие што креваат галама околу споменикот, сакам да ги прашам бевте ли вие господа на власт со Али Ахмети во овие 20 години еден период барем? Али Ахмети бил во Влада со вас, затоа што беше амнестиран, вели претседателот Стево Пендаровски за поставувањето на спомен-кулата на УЧК во село Слупчане.

Според него, не можеме да направиме историја околу која ќе се усогласиме по ова прашање.

-Тоа што кулата нема добиено потврда од Собранието за споменици, тоа кажува дека објектот е дивоградба, исто како што се дивоградби околу 90% од спомениците на плоштад. Што е тргнато од тоа? Ништо. Ако го тргнеме ова од Слупчане, дај да ги тргнеме и овие од плоштад. Дајте да постапуваме и да го измениме Законот. Споменикот на Никола Карев пред Собранието исто така е дивоградба, пред таква институција, појаснува Пендаровски.

Слични содржини