Според хороскопот: Кои жени се најпровокативни во машките очи?

од desk2

Кога станува збор за умешност во заведувањето, на припадничките од понежниот пол родени во еден знак, апсолутно никој не може да им конкурира.

Овните се предодредени за лидери, а нивната харизма и динамичност се главните адути кои го привлекуваат спротивниот пол. Мажите посебно ги возбудува необјаснивата енергија што тие ја поседуваат, односно моќта да го претворат секој можен ден во несекојдневна авантура.

 

Кај родените во овој знак е изразена страственоста и желбата да го задоволат партнерот, како би му покажале што сѐ знаат. Притоа се многу оптимистични и борбени. Не тежнеат да пронајдат маж кој ќе биде доминантен, туку некој со кого ќе се најдат на иста бранова должина.

 

Кога ќе се вљубат, стануваат мошне романтични, ама и љубоморни. Не поднесуваат лаги и измами. Ако им згрешите, ќе исчезнат од вашиот живот со молскавична брзина, пред воопшто да смислите изговор или извинување. И никогаш нема да ги заборавите.

 

А, доколку им го подарите срцето и успеете да го следите нивното темпо и интензивност, тогаш знајте дека сте стекнале партнерка која ќе се потруди секој миг да ви го направи незаборавен и вреден за спомени.

Слични содржини