Секој знак во хороскопот има свој спротивен пар, а луѓето родени во спротивниот хороскопски знак имаат најдобри врски. Откријте кој хороскопски знак е спротивен на вашиот и зошто би биле идеална двојка.
Овен и Вага
Овните се самотници, а Вагата најмногу ужива во друштво, па затоа совршено се дополнуваат. Вагите ќе ги вклучат Овните во друштво, а Овните ќе ги научат Вагите како да се посвестат себеси. Овните се импулсивни, а Вагите избегнуваат конфликт по секоја цена.
Бик и Шкорпија
Иако двата знака се фокусирани на пари, Биковите се повнимателни со нив, а Шкорпиите уживаат да трошат. Бикот може да ја научи Шкорпијата како да се контролира, а таа може да му помогне на Бикот малку да се опушти и ужива во животот.
Близнаци и Стрелец
На овие спротивни знаци заедничка им е карактеристиката љубопитност. Но додека Близнаците се фокусираат на детали, Стрелците гледаат поширока слика. Затоа заедно се несопирливи.
Рак и Јарец
Вредните ракови и грижливите Јарци се најдобар спој на спротивности. Јарците се логични и снаодливи, а Рковите интуитивни, поради што често успеваат да остварат совршен баланс меѓу кариерата и семејството, па нивната врска е хармонична.
Лав и Водолија
Еден на друг си се потребни за да меѓусебно ги прошират видиците а во нивната врска забавата и добрата дружба се загарантирани.
Девици и Риби
Девиците се рационални и стојат цврсто на земја, додека Рибите ги красат духовност и љубопитство за мистичното и необичното. Иако и двајцата имаат исти цели, а тоа е да го направат светот подобро место, еден на друг си помагат да ги откријат поинаквите погледи на животот, од што и двајцата имаат корист, а тоа длабоко ги поврзува.