Србија бара нови „Hurricane“

од Milan_M

РТС го отвори аплицирањето за претставник на Србија на Евросонг 2022. Пејачите што ќе се пријават треба да бидат државјани на Србија, додека тоа не е предуслов за композиторите.

-Ако се надевавте дека токму вие ќе ни го дадете следниот српски хит или пак моќна балада, ова е ваше време – повикала РТС, стои на официјалниот сајт на Евровизија во текстот насловен како „Ловот на новите Hurricane!“.

Повеќе детали за Беовизија 2022 ќе има наскоро, стои во текстот.

Девојките од „Hurricane“, кои ја претставуваа Србија оваа година во Ротердам, завршија на 15-то место во финалето на 22 мај. Нивната песна „Loco Loco“ стана голем хит, а тоа го потврдуваат и бројните прегледи на Јутјуб.

Слични содржини