Србија е првата земја во Европа што произведува Спутник V

од Vladimir Zorba

Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) објави дека производството на руска вакцина против коронавирусот Спутник V, што во иднина ќе се извезува во земјите од регионот, започна денес во институтот „Торлак“ во Белград.

„РФПИ и Институтот за вирусологија и вакцини „Торлак“ објавуваат дека започна производството на руската вакцина против коронавирусот Спутник V во Србија“, се наведува во соопштението на рускиот фонд за директни инвестиции, пренесува агенцијата ТАСС.

Во изјавата, РФПИ потврди дека Србија со тоа станала првата земја во јужна Европа што го произведува Спутник V и дека производството ќе се одвива во согласност со најстрогите стандарди.

Слични содржини