Србија прва во Европа и регионот по бројот на ревакцинирани лица

од Stefanija Kuzmanovska

Досега во Србија се дадени 2.007.650 дози вакцини, а втората доза ја примиле 782.668 лица, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија.

Србија е прва во Европа и регионот според бројот на ревакцинирани против коронавирус на милион жители, a петта во светот, по Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Според бројот на вакцинирани лица на милион жители, по Србија следат Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија и Албанија.

Кога станува збор за бројот на вакцинации на милион жители, Србија е прва во регионот, а втора во Европа, по Велика Британија.

Слични содржини