Србија целосно непријателски и пропагандистистички тргна против Македонија. Изгледа дека станува збор за стари долгови на криминални врски на раководствата и обид да се спречи смена на власта во Македонија, преку антиалбанизамот како постојаност и фрустрација на српските националисти.
Србија ја “спасила Македонија” и го притворила целиот албански арсенал Српските специјални сили биле задржале огромно количество оружје и муниција, кое било наменето за нелегално пренесување, на територијата на Република Македонија, така пишува во денешниот број белградското списание “Блиц“.
Оружјето било притворено во јужниот дел на Србија, во непосредна близина на македонската граница. Ова го пишува ” Блиц“, кој тврди дека “добило ексклузивната вест од Агенцијата за воена безбедност / ВБА /”.
Изданието пишува дека “оружјето било наменето за партиските структури за најголемите албански партии, чии лидери учествувале во вооружениот конфликт во Македонија и Косово”. Според истите извори оружјето е задржано минатата недела. Замислете , “Во пратката имало неколку илјади пушки, автомати, минофрлачи и рачни бомби. Целиот овој арсенал бил откриен недалеку од Прешево и Бујановац. Тоа се случило во момент кога еден странски државјанин и двајца српски од албанско потекло, се обидувале преку нелегални канали да го пренесат во Македонија ….
Натаму во измислената FAKE српска сторија од арсеналот на специјана војна се вели : Станува збор за огромна сума на оружје, кое очигледно е наменето за користење, ако дојде до разгорувањето на судирите во Македонија или пак да се предизвикаат инциденти со него “, вели нормачно, неименуван извор за весникот.
Според него оружјето “требало да бидат искористени и за донесувањето на власта” во Скопје. Оваа лажна строија сега сигурно ќе биде главна вест на провладините медиуми во Македонија.
Локално.мк потсетува дека Бујановац, Прешево и Медвеѓа се дел од Прешевската долина во јужниот дел на Србија, која се граничи со Косово и Република Македонија. Оваа област е населена претежно со етнички Албанци. и е на удар на операциите на ВБА и на други тајни служби на Србија, кои се спроведуваат или фиктивно измилсуваат на барање на државното раководство од Белград”.
“Акцијата демек била спроведена во целосна тајност, но за неа е знаел дури ниту началникот на ВБА и државните лидери, кои не сакале оваа информација да биде објавен јавно”, пишува “Блиц”.
Сепак ова издание се смета за едно д провладините и често објавува информации од службите. ”
Се додава и дека Премиерот Вучиќ сметал дека е можно шпекулациите со притвореното поголемо количество оружје да се користат од некој за дотурање на дополнително масло на огнот во и онака кревката политичка ситуација во Македонија”, рекол изворот за весникот и додал: Во последните денови ВБА забележала зголемување на движењето на лица од албанското малцинство од Прешево и Бујановац во насока на Македонија. Такво нешто е забележано и на Албанци од Косово, пред се на оние кои се поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
И значи Вучиќ не е виновен ама замислете информацијата сепак излегла во медумите.
Потсетува дека во текот на вчерашниот ден српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ упати тешки обвиненија против лидерот на СДСМ Зоран Заев и Република Македонија како целина. Дачиќ потврди дека признавањето на Република Македонија од страна на Белград ги влошило пријателските односи со Грција. Според него односот на македонските политичари кон Србија “било брутално”. Во изминатиот период Вучиќ на неколку пати сакајќи да му помогне на раководството на Никола Груевски да не ја загуби власта употребува флоксули од типот „македонско сценарио“ , мешње на „Странски сили“ што е директно српско мешање во внатрешните работи на земјата. Веднаш потоа српскиот премиер Вучиќ направи посебен коментар, во кој рече дека “Србија не се меша во внатрешните работи на Македонија”.
Доцна синоќа, Ивица Дачиќ даде ново интервју за државната телевизија РТС. Во него тој вели дека “има организирана акција на Скопје, Приштина и Тирана против Србија”. Според него обвинувањата на Заев дека во Србија има националистичко раководство ќе остави траги во идните билатерални односи меѓу Србија и Македонија. ”
Македонската експертската јавност сето ова го дефинира како последни обиди националистичкото раководство на Србија и Вучиќ да му помогнат на раководството на Никола Груевски и неговите пајташи, колку толку да се задржат на власт, макар и преку нови насилни инциденти, и да се спречи мирниот трансфер на власта, за кој поддршка даде целата меѓународна заедница освен Русија и Србија.